САД тестираа крстосувачка ракета претходно забранета со ИНФ

Американските војници во неделата спроведоа тест на конвенционална крстосувачка ракета лансирана од копно од западниот брег на САД, ракетен тест што претходно ќе беше забранет според сега непостојниот Договор за нуклеарните сили со краток и среден дострел (ИНФ), соопшти денес Пентагон.

„Министерството за одбрана во неделата спроведе тест на конвенционално конфигурирана крстосувачка ракета лансирана од копно од западниот брег на САД. Во моментов ги оценуваме резултатите од тестот“, рече полковничката Карла Глејсон за Си-ен-ен.

Тестот беше спроведен од островот Сан Николас, Калифорнија, а Пентагон рече дека при тестирањето „ракетата излезе од копнениот мобилен фрлач и точно ја погоди целта по повеќе од 500 километри лет“.

Официјални претставници истакнаа дека ракетата е дизајнирана да носи конвенционален, а не нуклеарен товар.

Американски претставници од одбраната рекоа дека „собраните податоци и научените лекции од овој тест ќе го надополнат развојот на Министерството за одбрана за идните можности со среден дострел“.

САД се повлекоа од Договорот за нуклеарни сили со краток и среден дострел со Москва на почетокот од овој месец, откако со години ја обвинуваа Русија дека го прекршува договорот преку распоредување на своите нуклеарни ракети ССЦ-8, со што се стави крај на историскиот договор за контрола на оружјето, со кој е ограничен развојот на копнени ракети со дострел од 500 до 5.500 километри.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе