САД тестираа интерконтинентална балистичка ракета

Американската војска денеска објави дека извршила тестирање на интерконтиненталната балистичка ракета Минутмен III, која беше одложена поради зголемените тензии со Пекинг за време на кинеските вежби на почетокот на месецот.

Фото: ЕПА

Во соопштението на американската војска, се наведува дека тестот ја покажал „подготвеноста на американските нуклеарни сили и обезбедила уверување во смртоносноста и ефективноста на американското нуклеарно одвраќање“, пренесува Ројтерс.

Во април, американската војска го откажа тестирањето на својата интерконтинентална балистичка ракета Минутмен III.

Одложувањето имаше за цел да ги намали нуклеарните тензии со Русија за време на војната во Украина.

Минутмен III со нуклеарна способост, изграден од Боинг, е од клучно значење за стратешкиот арсенал на американската војска.

Ракетата има дострел од 9.660 и повеќе километри и може да се движи со брзина од приближно 24.000 километри на час.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе