САД: Србија плаќа превисока цена поради невоведувањето санкции против Русија

Србија веќе плаќа „превисока цена“ за избегнувањето да ѝ воведе санкции на Русија поради војната во Украина, изјави денес американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил додавајќи дека САД ги разбираат искуствата на Србија со санкциите на кои ја изложуваше Западот.

Фото: ЕПА

„Сфаќаме дека Србија има историски однос и искуство со западните санкции, но почнува да плаќа превисока цена за својата воздржаност во поглед на санкциите против Русија, усвоени да се сопре бруталниот напад на соседот“, им кажа Хил на новинарите, мислејќи на санкциите на кои Србија во повеќе наврати беше изложена во времето на власта на Слободан Милошевиќ.

На прашањето колку е реално Брисел да му воведе санкции на Белград ако Србија не го прифати новиот француско-германски предлог за решавање на проблемот со Косово, американскиот амбасадор кажа дека не е во позиција да зборува за можни санкции, оценувајќи дека Европската Унија е сериозна во однос на санкциите кои ги наметнува Западот.

Хил кажа дека САД „100 отсто го поддржуваат предлогот на ЕУ за Косово“ и дека има напредок бидејќи Европејците вложиле многу труд за да ги приближат двете страни.

„Фер е да се каже дека тоа е процес, не е готово додека не е готово“, кажа Хил, потсетувајќи дека косовскиот проблем „сите ги оптоварува повеќе од 20 години“. Порача дека затоа треба сериозно да се разгледа предлогот на ЕУ и да се „размисли за начините да се усвои и да се работи на него“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес на социјалната мрежа Инстаграм објави видеопорака до граѓаните истакнувајќи дека „ја кажал вистината за сите проблеми“ со кои се соочува Србија во однос на Косово.

Тој се пожали на реакцијата на дел од опозицијата обвинувајќи ги дека не сфатиле дека „државата е поважна од политичките интереси на која било партија“ и кого било поединечно. Најави дека ќе им се обрати на пратениците бидејќи „негова обврска е да го почитува парламентот.

„Ќе се појавам во народното собрание, ќе одговарам на сите прашања и ќе се борам за Косово и Метохија и нашата Србија“, порача Вучиќ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе