САД со месеци испраќаат приватни пораки и предупредувања до Русија

Соединетите Држави испраќаат тајни приватни пораки до Москва веќе неколку месеци во кои ги предупредуваат руските лидери за сериозните последици кои би следеле во случај на употреба на нуклеарно оружје, изјавија американски претставници за Вашингтон пост. Тие велат дека пораките „го нагласуваат она што претседателот Бајден и неговите помошници јавно го артикулирале".

Фото: ЕПА

„Бајденовата администрација во пораките не кажува потполно јасно какви би биле последиците од користењето нуклеарно оружје, па Кремљ е загрижен за тоа како Вашингтон би можел да одговори“, рекоа официјалните лица, кои сакаа да останат анонимни.

Стејт департментот бил вклучен во приватната комуникација со Москва, но официјални лица одбија да кажат кој ги пренесувал пораките и во кој опсег. Не е јасно дали САД испратиле нови приватни пораки во часовите по говорот на рускиот претседател Владимир Путин во кој тој ја најави делумната мобилизација, но висок американски функционер рече дека комуникацијата била доследна и се одвивала во последните неколку месеци.

Во интервју за Си-би-ес што се емитуваше во неделата, Бајден беше запрашан што би му рекол на Путин за употребата на нуклеарно оружје во конфликтот против Украина.

„Немој. Немој. Немој“, рече Бајден. „Ќе го промените лицето на војната како што не се променило од Втората светска војна“, додаде тој. Бајден одби да елаборира како САД ќе одговорат, велејќи само дека одговорот ќе биде „доследен“ и ќе зависи „од обемот на руските акции“.

Бајден во својот говор пред собранието на ОН жестоко го прозва Путин.

„Постојана членка на Советот за безбедност на ОН го нападна својот сосед, се обиде да избрише суверена држава од мапата. Русија бесрамно ги прекрши основните принципи на Повелбата на Обединетите нации“, рече Бајден и го обвини рускиот претседател Путин дека предизвикува „брутална, непотребна војна“.

„Во последната година, нашиот свет доживеа голем пресврт и брутална, непотребна војна што беше избрана од еден човек“, рече Бајден. Бајден вели дека Владимир Путин отворено ѝ се заканувал на Европа со нуклеарно оружје, додавајќи дека Русија повикува уште војници во борбата и дека Кремљ се обидува да анектира делови од Украина.

„Светот треба да ги види овие нечуени дела онакви какви што се“, рече тој.

Бајден додаде дека војната е започната за да се уништи правото на Украина да постои како држава и правото на Украинците да постојат како народ. „Каде и да сте, каде и да живеете, во што и да верувате... Од тоа треба да ви се заледи крвта“, рече Бајден.

„Ако државите можат неказнето да ги остваруваат своите империјални амбиции, тогаш ние го загрозуваме сето она за што се залага оваа институција“, рече американскиот претседател. „Украина ги има истите права што ѝ припаѓаат на секоја суверена нација. Ќе се солидаризираме со Украина против руската агресија и крај“, рече Бајден.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе