САД скриле судир на подморница со Титаник

Минатата година подморница удрила во остатоците на светски познатиот потонат брод Титаник, но американската влада информациите за инцидентот ги држела во тајност, беше кажано на суд.

Властите на САД не соопштиле дека подморница вредна 35 милиони долари, ангажирана од британска компанија, удрила во потонатиот брод, пишува британски Телеграф, кој добил увид во судскиот процес.

Лидерот на експедицијата призна вчера дека подморницата Трајтон удрила во Титаник во јули минатата година кога пилотот изгубил контрола врз подводното возило поради „исклучително силната и многу непредвидлива струја“. Трајтон се приближил до остатоците од легендарниот брод за тим авантуристи да снимат нови фотографии на Титаник.

Станува збор за прв познат судир на некоја подморница со историскиот брод откако во 1985 година беа најдени остатоците.

Компанијата за авантуристички патувања Ејос го потврди инцидентот, но наведе дека при судирот не дошло до никакво значително оштетување на остатоците. Меѓутоа, експертите предупредуваат дека какво било дополнително загрозување на структурата на бродот може да предизвика негово уште побрзо распаѓање.

Бидејќи поради вонредната состојба не сме во можност да излеземе на стандардни протести пред Владата, нашиот протест ќе го искажеме преку социјалните мрежи и медиумите, за да се слушне и да се види за нашето незадоволство, велат голема група фризери, бербери, козметичари..., кои се едни од најпогодените од вонредната состојба и изолациите. Нивното писмо до нашата редакција го пренесуваме во целост.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе