САД се заканија дека ќе ја спречат турската интервенција во Сирија, но Ердоган не се откажува

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер кажа дека каква било воена операција на Турција во северна Сирија е неприфатлива и дека САД ќе спречат еднострани потези.

Турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган, пак, кажа дека Турција подоцна ќе плати повицока цена доколку денес не го направи она што е неопходно во северна Сирија, откако за викендот најаво воена операци во сирискиот регион источно од реката Еуфрат, кој е под контрола на курдските сили.

Во обраќањето пред турските амбасадори во Анкара, Ердоган кажа дека „тој процес, со Божја волја, наскоро ќе влезе во нова фаза“, пренесува Ројтерс.

Тој дел од Сирија е во зоната под контрола на курдските Народни одбранбени единици (ИПГ), инаку главните сојузници на САД во Сирија, кои Турција ги смета за терористичка организација.

Ердоган на средбата со амбасадорите кажа и дека верува дека американскиот претседател Доналд Трамп нема да дозволи двете земји да станат заложници на спорот околу купувањето на рускиот ракетен систем С-400.

Тој кажа и дека нема докази дека тој систем може да им наштети на американските борбени авиони Ф-35.

Ердоган во неделата најави дека турската војска ќе спроведе воена операција источно од реката Еуфрат, на северот на Сирија, во зоната под контрола на курдските сили.

Американската администрација јасно даде до знаење дека таква воена операција на северот на Сирија би била многу ризичен потфат и дека би можела да ја загрози безбедноста на американските трупи кои соработуваат со сириските Курди, но и да им помогне на милитантите на Исламска држава во тој регион.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе