„Целта е договор што ќе доведе до нормализација“

САД се задоволни од обновата на дијалогот на Србија и Косово, нудат целосна поддршка

„Задоволни сме што Европската Унија организираше средби на Србија и Косово и ја нудиме нашата целосна поддршка“, се наведува во пишаниот одговор на портпаролот на Стејт департментот на прашањето на Војс оф Америка околу обновувањето на дијалогот на двете страни.

EPA-EFE

„Нашата цел е договор што ќе го постигнат двете страни за сеопфатна нормализација на односите. Нормализацијата е суштинска во обезбедувањето стабилност, напредок и безбедност на Западниот Балкан“, се наведува во одговорот на портпаролот на Стејт департментот.

Дијалогот на Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, продолжи на 16 јули во Брисел по пауза од дваесет месеци. Беше прекинат во ноември 2018 кога владата на тогашниот косовски премиер Рамуш Харадинај воведе царини од 100 отсто на увозот на стока од Србија и БиХ.

Причината за тоа, според тврдењето на тогашната косовска влада, беше меѓународната кампања на српските власти која ја водеше со цел повлекување на признавањето на независноста на Косово, како и блокирањето на членството на Косово во меѓународните организации – како УНЕСКО и Интерпол.

Укинувањето на царините, што го бараше меѓународната заедница предводена од Европската Унија и САД, а што Србија го постави како услов за продолжување на дијалогот, делумно беше спроведено од владата на Аљбин Курти. Меѓутоа, царините ги замени со реципрочни трговски мерки кон Србија, што предизвика разочарување на Вашингтон.

По изгласувањето на недоверба на Курти, врз основа на одлуката на уставниот суд на Косово и без распишување избори, избрана беше владата на Авдулах Хоти, која ги укина реципрочните мерки кон Србија, со што се стекна условот за продолжување на дијалогот, што се случи во јули.

На тоа требаше да му претходи средба на Александар Вучиќ, претседателот на Србија и главен преговарач на Белград, со Хашим Тачи, кој во преговарачкиот процес го претставуваше Косово, со посредство на Ричард Гренел, специјалниот претставник на Белата куќа за дијалогот.

Средбата на двајцата лидери, која требаше да се одржи на 27 јуни во Белата куќа, не се случи, бидејќи три дена претходно беше објавено предлог обвинението против Тачи, во кое тој се товари за воени и злосторства против човештвото.

Од тој момент како главен косовски преговарач фигурира новоименуваниот премиер Авдулах Хоти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе