Според курдските сили

САД се повлекуваат од сириската граница со Турција (ВИДЕО)

Американските војници почнаа да се повлекуваат од делови од источна Сирија, каде што Турција ќе изврши нов воен упад, според СДФ, курдските сили поддржани од САД, кои ѝ се стојат на пат на Анкара.

Турција ги смета курдските милиции во Сирија за разгранок на нејзините домашни курдски герилци. Сириските демократски сили (СДФ), кои им беа сојузник на САД во борбата за североисточна Сирија, се претежно составени од Курди, така што Анкара ги смета за терористи.

Турција се закануваше дека ќе почне воена операција против сириските Курди, велејќи дека тоа е неопходно за да се обезбеди безбедна зона по должината на границата. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера нагло ја смени американската политика во областа и сега американската војска ѝ се трга на Турција од патот.

Според курдската новинска агенција Хавар, американските војници денеска ги напуштиле своите позиции во градовите Рас ал-Аин и Тал Абјад.

„Американските сили не ги исполнија своите обврски и ги повлекоа своите сили од пограничните области со Турција и Турција сега се подготвува за инвазивна операција во северна и во источна Сирија“, се вели во соопштението на СДФ.

Курдите повторија дека турската операција може да предизвика повторно оживување на терористичката група Исламска држава, која ѝ беше главен противник на СДФ во борбата за североисточна Сирија.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе