За Трамп договорот е „неприфатлив“

САД се повлекуваат од ракетниот договор со Русија од 1987 година (ВИДЕО)

Америка еднострано ќе се повлече од над 30 години стариот договор со Русија со кој се забранува цела низа нуклеарно и конвенционално оружје, потврди американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека Русија со години го прекршува.

Договорот за уништување и забрана на производство на проектили од краток и среден дострел (ИНФ) во 1987 година во Вашингтон го потпишаа тогашниот американски претседател Роналд Реган и советскиот лидер Михаил Горбачов.

Со ИНФ тогаш на сила стапи забрана за нуклеарни и конвенционални проектили со дострел од 500 до 5.000 километри, како и нивните лансирни рампи.

„Ќе го раскинеме договорот и ќе се повлечеме од него“, им кажа Трамп на новинарите во Невада, со објаснување дека Русија постојано го крши тој договор.

„Го кршат со години и јас не знам зошто претседателот Обама не преговарал за него или не се повлекол. Нема да им дозволиме да го кршат нуклеарниот договор и да произведуваат оружје, а нам да не ни биде дозволено“, кажа Трамп.

Тој кажа и дека САД ќе почнат да произведуваат такво оружје ако Русија и Кина околу тоа прашање не склучат нов договор.

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон тргна кон Москва каде би требало да разговара за повлекување од ИНФ. ПОтегот веќе предизвика негативни критики од Русија.

Извор од руското министерство за надворешни работи кажа дека САД „веќе со години“ сакаат да го преземат тој чекор и дека „намерно и постепено ги поткопувал темелите на договорот“. Тој додаде и дека одлуката е „во согласност“ со американската политика на повлекување од меѓународните правни договори кои им наметнуваат еднакви обврски на сите партнери.

Вашингтон своите тврдења за руското кршење на договорот ги темели врз развојот на рускиот крстосувачки проектил „новатор“ 9М729 со дострел од 2.600 километри.

На почетокот на месецот загриженост околу производството на тој крстосувачки проектил изрази НАТО. Истовремено рускиот претседател Владимир Путин кажа дека ракетниот штит на НАТО поставен во Романија може да лансира нуклеарен проектил во секој момент.

Одлуката на Трамп може да предизвика нови тензии во односите на ривалите од Студената војна. Додека од една страна Трамп често го фали Путин, неговата администрација зазема цврст став кон Русија и постепено воведува санкции против Кремљ.

Договорите за разоружување се жешка тема меѓу двете супер-сили и голем дел од нив наскоро би требало да се обноват.

Договорот за ограничување на стратегиското вооружување СТАРТ 2010 престанува да важи во 2020 година, а САД ја раскина Антибалистичката програма од 1972 уште во 2002, тврдејќи дека мора да развие одбрана против одметнатите држави како Иран и Северна Кореја.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе