Америка објави сателитски снимки

САД се „напнати како пушка“, Иран е „спремен за војна“ (ВИДЕО)

Соединетите Држави објавија сателитски снимки, кои наводно докажуваат дека Иран стои зад нападот врз нафтените објекти на Саудиска Арабија. Иран, од друга страна, го негира тоа. Хутите тврдат: Ние сме.

Во напад со дронови оштетен е самиот центар на објектот за производство на нафта на Саудиска Арабија. Би-би-си соопшти дека фабриката учествува со пет проценти од глобалното снабдување со нафта.

Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските бунтовници хути, кои предупредија дека можат да извршат уште вакви напади.

Сомнежот дека зад нападот стои Иран прв го изнесе американскиот државен секретар Мајк Помпео, а наскоро стана јасно дека Америка има недостиг од нафта. Ден по Помпео, се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, кој јасно стави до знаење дека ќе го нападне оној што стои зад нападот врз саудискиот нафтен објект.

Трамп во твит рече дека Соединетите Држави се спремни „како пушка“. „Има причина да веруваме дека знаеме кој е виновникот, како 'откочена пушка' сме, но чекаме да слушнеме од Кралството за кого тие веруваат дека стои зад овој напад“, напиша Трамп на Твитер.

Неименуван американски функционер за локалните медиуми изјавил дека биле нападнати 19 „точки“, а нападите дошле од запад и северозапад. Ова значи дека како напаѓач се исклучува Јемен, односно тамошните хути, кои тврдат дека тие го нападнале објектот, бидејќи се наоѓаат јужно од Саудиска Арабија.

Американски официјални лица исто така велат дека нападот бил извршен со беспилотни летала и крстосувачки ракети, како и дека не ја погодиле целта сите ракети.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави, ги отфрли како „бесмислени“ обвинувањата од САД дека Иран е одговорен за нападите. Висок командант на револуционерната гарда, Амирали Хаџизаде, предупреди дека Исламската Република е подготвена за „комплетна“ војна.

„Сите американски бази и нивните носачи на авиони на далечина до 2.000 километри околу Иран се наоѓаат во дострелот на нашите ракети“, рече командантот.

Трамп, исто така, одобри употреба на американските нафтени резерви за вонредни ситуации за да се обезбедат стабилни количества по нападот, кој рано утрово го намали светското производство за 5 проценти и ги зголеми цените на нафтата за повеќе од 19 проценти, по што скокот беше околу 10 проценти.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе