Американскиот амбасадор на Косово

„САД се длабоко вклучени во преговорите, соработуваат и со Белград и со Приштина“

Амбасадорот на САД во Приштина Филип Коснет изјави дека Вашингтон е „длабоко вклучен“ во процесот на дијалогот на Белград и Приштина, кој се одвива со посредство на Брисел.

Тој тврди дека САД соработуваат и со српската влада и со косовската. Коснет потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп претходно им пиша и на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на косовскиот претседател Хашим Тачи за да ја истакне важноста на дијалогот и посветеноста на Соединетите Држави да се тргне напред во процесот.

Тој истакна и дека САД немаат посакуван конкретен исход за преговорите во дијалогот.

„Она што сакаме да го видиме е двете страни, Косово и Србија, да постигнат сеопфатен договор. Така што се држиме подалеку од тврдењата дека конкретниот исход треба да изгледа вака или онака. Сметаме дека ако луѓето се вратат на преговарачката маса, дека тоа би било начин да се тргне напред. Би сакал да додадам дека сметаме дека покрај улогата на двете влади во напредокот на процесот, дека е многу важно да се слушне гласот на граѓанското општество, невладините организации и на обичните граѓани“, кажа Коснет.

На прашањето дали може да потврди дека следната средба на претставниците на белград и Приштина ќе биде одржана во јуни во Вашингтон, Коснет кажа дека во овој момент нема информации за тоа.

„Ќе кажам дека Соединетите Држави се длабоко вклучени во процесот на дијалогот во партнерство со Европската Унија и со луѓето од владата на Србија и луѓето од владата на Косово“, кажа американскиот дипломат.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе