САД сакаат и Кина да биде вклучена во договорот за нуклеарно оружје, Пекинг не е заинтересиран

Претставници на САД и Русија треба да се сретнат утре во Женева за да разговараат за идеите за нов договор за ограничување на нуклеарното оружје, кој би можел да ја вклучи и Кина, изјавија вчера американски функционери.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал договор од „нова генерација“ за контрола на нуклеарното оружје со Русија и Кина што ќе ги покрие сите видови на такво оружје. Тој ја спомена таа тема во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг на самитот Г20 во Осака минатиот месец.

Кина не е дел од договорите за нуклеарно оружје меѓу САД и Русија и не се знае дали ќе биде подготвена да биде вовлечена во овие разговори, велат официјални претставници, кои разговараа со новинарите под услов да останат анонимни, јави Ројтерс.

Кинеското Министерство за надворешни работи повтори дека Пекинг не е заинтересиран за вакви разговори.

„Во моментов не ги гледаме предусловите или основите за учество на Кина во овие преговори меѓу САД и Русија", изјави портпаролот на министерството Генг Шуанг за новинарите во Пекинг.

Заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливен ќе ја предводи американска делегација на разговорите во среда, додека рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков ќе ја предводи руската делегација, рекоа американски официјални претставници.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе