САД сакаат целосно да го запрат иранскиот извоз на нафта, Иран се заканува со опасни мерки

САД побараа целосно запирање на продажбата на иранската нафта на големите увозници како Кина и Индија, кои досега беа ослободени од санкциите, додека цените на суровата нафта се зголемија најмногу во последните шест месеци, поради страв од недостаток.

Државниот секретар Мајк Помпео изјави денес дека целта е да се запре извозот на Иран во целост за да се изврши притисок врз Техеран да ја ограничи својата нуклеарна програма, тестирање проектили и учество во конфликтите во Сирија и Јемен.

Администрацијата на Трамп истакна дека соработува со водечките извозници на нафта Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, со цел да се осигура дека пазарот на нафта е „доволно снабден“, но пазарот стравува од недостиг, а расте и скептицизмот околу тоа дали Ријад доволно брзо ќе го зголеми производството и извозот.

САД повторно воведоа санкции за извоз на иранската нафта во ноември, откако во мај Доналд Трамп еднострано се повлече од нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и шесте светски сили. Трамп, по обновувањето на санкциите, дозволи исклучоци за осум најголеми увозници во период од шест месеци, а кој период завршува во мај.

„Одиме до нула“, рече Помпео, објаснувајќи дека САД немаат намера да воведат уште еден период на изземање од санкциите по 1 мај. Помпео рече дека целта е да се лиши Иран од 50 милијарди долари годишна заработка од продажбата на нафтата.

Меѓународната цена на барел нафта во понеделникот порасна на повеќе од 74 долари, што е највисока цена од ноември, што се должи на неизвесноста поврзана со зголемување на извозот од Саудиска Арабија и земјите на ОПЕК, додека цените во САД пораснаа над 65 долари за барел прв пат по ноември.

Помпео рече дека е убеден дека Ријад обезбеди доволно снабдување на нафтениот пазар.

Саудискиот министер за енергија Калид ал-Фалих рече дека неговата земја ќе соработува со другите производители на нафта за да осигура дека „глобалниот нафтен пазар нема да излезе од рамнотежа“.

Иранската револуционерна гарда се закани поради американските санкции со блокирање на стратешки важниот Ормутски теснец.

„Според меѓународното право, Ормутскиот теснец е поморски теснец и ќе го затвориме ако ни биде оневозможено негово користење“, изјави генерал Алиреза Тангсири, командант на морнарицата на Револуционерната гарда, пренесе иранската новинска агенција Фарс.

„Во случај на каква било закана, ни малку нема да се двоумиме да ги заштитиме иранските води“, додаде Тангшири.

Агенцијата Тасним цитираше неименуван извор кој верува дека извозот на иранската нафта ќе продолжи без оглед на американската одлука и дека за прекинот на извозот на нафта може да одлучуваат само иранските власти.

„Ги следевме и анализиравме сите можни сценарија и услови околу иранскиот извоз на нафта и се преземени потребните мерки. Иран не чека на американската одлука во поглед на извозот на нафтата“, повикувајќи се на неименуван извор пренесе агенција Тасним.

Иако се очекува дека Саудиска Арабија ќе го зголеми производството, аналитичари стравуваат дека американскиот потег, заедно со санкциите на венецуелската нафтена индустрија, може да резултира со недоволно резерви нафта во светот.

„Заедно со падот на залихите на суровините, со континуирана загуба на венецуелското производство, како и можните нестабилности во Либија, прекинот на увоз на иранска нафта ќе претставува предизвик за стабилноста на светските цени на нафтата“, оценуваат аналитичарите.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе