Сака да ја снабдуваат со нафта

Помпео е во посета на Белорусија во време на нарушени односи на Минск со Москва

Американскиот енергетски сектор е подготвен да ја снабдува Белорусија со нафта по најдобри цени, изјави денес американскиот државен секретар Мајк Помпео во Минск, каде допатува со тенденција да ги нормализира односите со тој традиционален сојузник на Русија.

Белорусија се обидува да најде алтернативен снабдувач на нафтени производи по спорот со својот традиционален партнер Русија, пренесува Ројтерс.

Целта на посетата е „да се нагласи нашиот ангажман кон суверена, независна и напредна Белорусија“ и да се потврди нашата желба за „нормализирање на билатералните односи“, рече Помпео, кој пристигна во време на нарушена соработка меѓу Минск и Москва.

„Не зборуваме за избор меѓу нас и Русија. Зборуваме за дипломатски односи“, рече Помпео.

САД и Европската унија се чести критичари на авторитарната власт и непочитување на човековите права под режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој е на власт од 1994 година и кого го нарекуваат „последниот диктатор во Европа“.

Но, западните земји ги укинаа повеќето санкции против Белорусија откако Лукашенко ослободи политички затвореници и покажа толеранција кон политичката опозиција.

Односите на Запад со Белорусија се подобрија и по 2014 година, кога Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим, а што Белорусија одби да го признае.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе