Драма над Медитеранот

САД: Руски борбен авион неодговорно пресретна американски разузнавачки авион, му предизвика получасовни турбуленции

Според извештајот на американската Шеста флота, руски сухој Су-35 на 4 јуни најмалку три пати пресретнал американски авион посејдон П-8А над Средоземно Море.

Американската флота наведува дека едно од тие пресретнувања било „небезбедно“ и дека екипажот на американскиот воен авион руските пилоти го довеле во голем ризик.

„На 4 јуни американски П-8А посејдон, кој летал во меѓународниот воздушен простор над Медитеранот, бил пресретнат од руски Су-35 и тоа три пати. Првото и третото пресретнување биле на работ на безбедноста. Второто пресретнување е окарактеризирано како небезбедно бидејќи „сухојот“ прелетал директно пред американскиот авион, што ги ставило нашите пилоти и екипажот во голем ризик. Екипажот на „посејдон“ пријавил и турбуленции за време на второто пресретнување, кое траело околу 28 минути“, се вели во извештајот на американската Шеста флота.

Според Шестата флота, „американскиот воен авион летал во меѓународниот воздушен простор, почитувајќи го меѓународното право и без провокации кон руската страна. Додека рускиот авион бил во воздушниот простор се однесувал неодговорно. Очекуваме да се однесуваат одговорно, со почитување на меѓународните стандарди за да се спречат можни инциденти“, се наведува.

Руското министерство за одбрана, пак, истакна дека бил активиран ловец сухој Су-35 од дежурната противвоздушна одбрана во руската воздухопловна база Хмејмин во Сирија за да препознае воздушна мета. На безбедна оддалеченост екипажот на рускиот ловец го идентификувала објектот како американски разузнавачки авион П-8А посејдон.

„Откако американскиот авион ја сменил насоката на движење, рускиот ловец се вратил во базата“, се додава во соопштението.

Нешто подоцна руските радари забележале приближување на американски разузнавачки авион П-8А посејдон на руската поморска база Тартус.

„Полета дежурен ловец Су-35 кој на безбедно растојание го пресретна и спроведе американскиот авион сѐ додека тој не ја смени насоката на летот и замина од воздушниот простор кој го контролира противвоздушната одбрана“, се заклучува во соопштението на руското министерство.

Се истакнува и дека руската команда не добила жалба од Американскиот центар за намалување на ризиците во Сирија.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе