САД: Русија врши артилериски напади врз Украина

Соединетите Американски Држави денес објавиле дека Русија со тешка артилерија пука преку границата во Украина и ги гаѓа позициите на украинската војска, која се бори против проруските бунтовници, јавува Ју-ес-еј тудеј.

„Имаме нови докази дека Русите планираат на сепаратистички сили во Украина да им испратат посилни и помоќни повеќецевни фрлачи на ракети, а имаме и докази дека Русија со топови гаѓа од својата територија кон украинските воени позиции“, изјавила портпаролката на Стејт департментот Мари Харф.

Таа на новинарите им кажала дека овие информации се темелат на разузнавачки податоци.

„Не можам да ви откријам од каде ни се информациите“, кажала Харф.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе