САД: Русија незаконски депортира Украинци

Соединетите Американски Држави ја повикаа Русија веднаш да ги ослободи Украинците кои незаконски ги депортираше, и побара овозможување пристап до меѓународните набљудувачи, повикувајќи се на извештаи дека Москва дава украински деца на посвојување, а илјадници други се водат како исчезнати.

Фото: ЕПА

„Незаконското пренесување и депортирање на заштитени лица е сериозно прекршување на Четвртата женевска конвенција за заштита на цивили и претставува воено злосторство. Проценките од различни извори вклучувајќи ја и руската влада, укажуваат дека руските власти испрашувале, притвориле и насилно депортирале меѓу 900.000 и 1.6 милиони украински граѓани, вклучително и 260.000 деца од своите домови, често во изолирани области на Далечниот Исток“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Блинкен во изјавата рече дека извештаите покажуваат дека Москва „намерно ги одвоила украинските деца од нивните родители или ги киднапирала од сиропиталишта пред да ги даде на посвојување на својата територија“.

Украинските власти побараа поддршка од Црвениот крст и ја обвинија Русија дека депортирала стотици илјади луѓе од областите на Украина под руска контрола и ги испратила во таканаречените „филтрирачки логори“, каде што им биле одземени личните документи.

Руската амбасада во САД објави дека коментарите на Вашингтон се „обид да се разгори русофобија“.

„Обидот на Вашингтон да ги оцрни вооружените сили на Руската Федерација е јасно поврзан со незадоволството од успехот на специјалната воена операција“, се вели во објавата од руската амбасада на фејсбук.

Амбасадата објави дека хуманитарните коридори во Украина се во функција, а изјавите за насилно одземање на украинските пасоши се неквалитетна западна дезинформација.

Женевските конвенции од 1949 година забрануваат масовно и присилно пренесување на цивили за време на конфликт на територијата на окупаторската сила, класифицирајќи го како воено злосторство.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе