САД разместуваат тенкови во Литванија, како директна порака до Русија (ВИДЕО)

Соединетите Американски Држави го почнаа денес преместувањето во Литванија на еден батаљон и повеќе десетици оклопни возила во ротација во следните шест месеци во склоп на операцијата за одвраќање кон соседна Русија.

Десетици тенкови „абрамс“ и оклопни борбени возила „бредли“ пристигнаа со железница на полигонот за вежби Пабраде, во близина на Вилнус.

Литванскиот министер за одбрана Рајмундас Кароблис изјави дека разместувањето на околу 500 американски војници кои таму ќе останат цела зима докажува дека американското воено присуство со НАТО не е табу тема.

„Пред сѐ, тоа е порака за Литванија и соседните земји членки на НАТО дека сојузниците се со нас“, кажа литванскиот министер. „Тоа е и порака до Русија дека Соединетите Држави се ангажирани и тоа е дополнителен елемент во одвраќањето“.

Бен Хоџис, поранешниот комнадант на американските воени сили во Европа, изјави дека распоредувањето е доказ за американскиот ангажман во продолжувањето на одвраќањето во источното крило на НАТО во момент кога САД се повлекуваат од Сирија и ги оставаат на цедило своите курдски сојузници.

„Никој, вклучувајќи ги Русите, не би требало да се сомнева во американскиот ангажман во НАТО, без оглед на тоа што мислам дека е погрешно што заминуваме од Сирија“, изјави Хоџис.

Пред две години НАТО распореди еден мултинационален батаљон од околу 1.000 војници во Литванија, земја со 2,8 милиони жители. Алијансата распоредни слични батаљони во Естонија и Летонија, како и во Полска, мерки сфатени како соочување со можната „руска закана“ во тој регион, откако Москва во 2014 го припои Кримскиот Полуостров.

Целиот тој регион беше дел од Советскиот Сојуз повеќе од 40 години по крајот на Втората светска војна.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе