САД: Путин не сака да преговара за крај на војната

Соединетите Американски Држави ќе ги разгледаат сите средства за унапредување на дипломатијата со Русија ако приметат отворање, но Москва во моментов не покажува знаци на спремност да се вклучи во значајни разговори, кажа синоќа шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен.

EPA-EFE

„Сè укажува на тоа дека претседателот (на Русија Владимир) Путин не сака да се вклучи во реална дипломатија, туку продолжува да турка во спротивна насока“, кажа Блинкен на конференција за медиумите со својата француска колешка Кетрин Колона.

„Ги разгледуваме и ќе ги разгледуваме сите средства за унапредување на дипломатијата ако видиме можност да ја унапредиме на кој било начин, нормално дека секогаш тоа ќе го гледаме“, кажа Блинкен, но додаде дека Москва наместо тоа „ја дупло и тројно ја зголемува“ својата агресија.

Русија оваа недела ги засили своите напади со ракети и беспилотни летала на украинската енергетска и водоводна инфраструктура.

Претходно месецов рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека Русија е спремна да соработува со САД или Турција за начини за завршување на војната, која сега е во осмиот месец, но сè уште не добила никаков сериозен предлог за преговори.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе