САД: Путин е виновен за соборувањето на МХ17

Белата куќа соопштила дека рускиот претседател Владимир Путин е виновен за соборувањето на малезискиот авион над воената зона во Украина, пренесува Ројтерс.

„Она што го знаеме е дека авионот на Малезија ерлајнс е урнат со ракета испукана од земјата. Испукана е од регион што се наоѓа под контрола на сепаратистите и каде што Украинците, всушност, не користеле противавионско оружје во тој момент“, изјавил портпаролот на Белата куќа Џош Ернест. „Затоа заклучивме дека Владимир Путин и Русите се виновни за оваа трагедија“.

Потпретседателот на САД Џозеф Бајден разговарал вчера со украинскиот претседател Петро Порошенко за истрагата околу несреќата, како и за политичката динамика во Украина, соопштила Белата куќа во посебно соопштение.

„Порошенко го информирал потпретседателот Бајден дека Русија продолжила да ги снабдува сепаратистите со тешко вооружување и опрема и дека врз украинските војници се пука од руската страна на границата“, навела Белата куќа.

Од Белата куќа повториле дека ЕУ и Г7 работат на воведување нови санкции против Москва поради „крајно дестабилизирачките и неодговорни постапки во Украина“.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе