Пентагон

САД пуштија бомбардери Б-1Б со нуклеарно оружје кај брегот на Северна Кореја (ФОТО)

САД пуштија бомбардери Б-1Б лансер, со капацитет да носат нуклеарно оружје, кај брегот на Северна Кореја, за да ја покажат „сериозноста“ на својот пристап кон „несовесното однесување на Пјонгјанг“, изјави портпаролката на Пентагон.

„Ова е најоддалечениот север од Демилитаризираната зона (ДМЗ) над кој летал некој американски ловец или бомбардер кај брегот на Северна Кореја во 21 век, што ја истакнува сериозноста со која ние го сфаќаме (севернокорејското) несовесно однесување“, рече портпаролката на Пентагон, Дејна Вајт.

ДМЗ е појас земја што се протега низ Корејскиот Полуостров во близина на 38-та Паралела, одвојувајќи ја Северна Кореја од Јужна Кореја. Таа била создадена во 1953 година, по примирјето што ја прекинало Корејската војна.

„Оваа мисија е демонстрација на американската решителност и е јасна порака дека претседателот има многу воени опции за да ја победи секоја закана. Програмата за оружје на Северна Кореја претставува сериозна закана за Азиско-пацифичкиот регион и за целата меѓународна заедница. Подготвени сме да го искористиме целиот спектар на воени капацитети за да ја одбраниме американската татковина и нашите сојузници“, додаде портпаролката.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе