На другите членови од кубанската мисија движењето им е ограничено на Менхетн.
„Секој обид вперен против националната безбедност на САД го сфаќаме сериозно и ќе продолжиме да истражуваме дали некој друг персонал можеби ги злоупотребил привилегиите на својот престој во САД“, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Кубанската влада го осуди протерувањето на двајца нејзини дипломати.
„Категорично го отфрлам неоправданото протерување на двајцата официјални претставници во Постојаната мисија на Куба во Обединетите нации“, објави кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригес, на Твитер.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп го напушти пристапот на политика на зближување со Куба што го почна претходниот американски претседател Барак Обама.
Тензиите меѓу САД и Куба се зголемија од почетокот на годинава бидејќи Вашингтон ја поддржува опозицијата во Венецуела, а Хавана претседателот Николас Мадуро.