САД презедоа сириски нафтени полиња, Трамп кажа дека можат да прават што сакаат со нив

САД ја презедоа контролата врз сириски нафтени полиња и сега со нафтата можат да прават што сакаат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој потврди дека американските маринци ги презеле нафтените полиња, по состанокот со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на самитот на Алијансата во Лондон.

„ИСИС се обидуваше да ја задржи контролата врз нафтата, а сега ние целосно ја контролираме. Отворено зборувајќи, ние за тоа имаме значителна поддршка од голем број различни луѓе. Единствените наши војници кои остануваат на таа територија се оние кои ја чуваат нафтата. Ние ја контролираме нафтата и ние можеме да правиме со неа сѐ што сакаме“, кажа Трамп.

Американскиот лидер во октомври по повод повлекувањето на американските војници од северот на Сирија, каде турската војска спроведуваше воена офанзива, изјави дека Вашингтон планира да ја зачува контролата врз нафтените полиња на североистокот на таа земја.

Околу 90 отсто од сириската нафта се наоѓа на источниот брег на реката Еуфрат, каде претходно беше упориштето на терористичката организација Исламска држава. Таа територија сега е под контрола на курдските Сириски демократски сили (СДФ), кои до неодамна без сојузници на САД.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе