Во очекување на иранската одмазда

САД праќаат уште 3.000 војници на Блискиот Исток

Соединетите Американски Држави распоредуваат уште речиси 3.000 војници на Блискиот Исток, како засилување додека ја чекаат одмаздата од Иран за воздушниот напад во кој загина лидерот на силите Кудс, рекле денеска анонимни американски одбранбени функционери.

Официјалните лица, кои под услов на анонимност ја соопштиле одлуката што Пентагон сè уште ја нема објавено, соопштија дека војниците се од 82-та воздушна дивизија во Форт Браг, Северна Каролина. Тие се во прилог на околу 700-те војници од 82-та воздухопловна единица што неделава беа распоредени во Кувајт откако во комплексот на американската амбасада во Багдад упаднаа членови на милиција поддржани од Иран и нивни приврзаници.

Илјадниците американски војници одат на Блискиот Исток во услови на зголемени тензии меѓу САД и Иран по смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани и десетиците илјади антиамерикански демонстранти што излегоа на улиците во Иран во знак на протест поради загубата на генералот.

Испраќањето дополнителни војници ја отсликува загриженоста поради потенцијалните ирански одмазднички дејства за убиството на генералот Сулејмани. Но тоа е и спротивно на постојаниот притисок од Трамп да ги извлече Соединетите Држави од блискоисточните конфликти. Пред овонеделното распоредување војници, администрацијата на Блискиот Исток испрати уште 14.000 војници од мај, кога првпат почна јавно да тврди дека Иран планира напади врз американските интереси.

Белата куќа не ги известила пратениците пред нападот, а се очекуваше попладнево да им даде доверливи информации на членовите на Конгресот и на персоналот. Секретарот за одбрана Марк Еспер за нападот ја известил претседателката на Домот, Ненси Пелоси, непосредно пред Пентагон да го потврди јавно.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе