САД повторно ќе примат 25.000 мигранти кои Трамп ги протера

Соединетите Држави ќе започнат од денес да ги пуштаат во земјата првите групи азиланти кои чекаат во Мексико да бидат разгледани нивните случаи, што претставува почеток на крајот на една од најтешките имиграциски политики на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Претседателот Џо Бајден во предизборната кампања вети дека ќе ја укине политиката на Трамп, позната како Протоколи за заштита на мигрантите (МПП).

Според програмата, на повеќе од 65.000 баратели на азил кои не се од Мексико не им беше дозволено да влезат во земјата и беа вратени преку границата во очекување на судско сослушување.

Повеќето се вратија дома, но некои останаа во Мексико во понекогаш бедни или опасни услови, потенцијални мети на киднапирања и друго насилство.

Сега ќе им биде дозволено да влезат во САД и таму да чекаат разгледување на нивните барања за азил во имиграционите судови.

Тие ќе бидат пуштани во земјата постепено, во мали групи.

Првите мигранти ќе бидат пуштени денес на граничниот премин Сан Есидро, Калифорнија и следната недела на уште две локации во Тексас, вклучително и една во близина на мигрантскиот камп Матамороса во Мексико, изјави портпаролката на министерството за внатрешна безбедност на САД.

Владата проценува дека 25.000 од над 65.000 лица опфатени со програмата сè уште имаат активни случаи пред суд.

Се очекува на крајот да се процесираат 300 луѓе на ден на двата гранични премини.

Владата е претпазлива затоа што стравува дека ќе охрабри повеќе мигранти да се упатат кон Соединетите Држави.

Мигрантите кои не се опфатени со програмата МПП ќе бидат протерани веднаш, велат владините претставници.

Група републикански пратеници испратија писмо до Бајден на 10 февруари, во кое ја критикуваат неговата одлука да ги пушти мигрантите во земјата. Оценувајќи дека тоа е „знак дека границите се отворени“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе