Како што објави американската здравствена агенција ХСС, владата купила значителна залиха на лекот „нплejт“, кој го стимулира производството на тромбоцити во телото и го ублажува крвавењето предизвикано од зрачење.
ХСС негира дека лекот е набавен поради руската инвазија на Украина и тврди дека тоа е „дел од долгорочните напори за подобра подготовка на нацијата за спасување животи во случај на радиолошки и нуклеарни катастрофи“.
Лекот е произведен од калифорниската фармацевтска компанија Амген и може да го користат и деца и возрасни.
Месецов рускиот претседател Владимир Путин рече дека ќе ги „заштити“ четирите анектирани украински региони „со сите расположливи средства“, што беше оценето како закана со нуклеарно оружје. Тој го изјави ова за време на церемонијата на припојување на украинските региони кон Русија, во говор во кој жестоко го критикуваше Западот.
Тврдењето дека 18 отсто од Украина сега ѝ припаѓаат на Русија отвора повеќе простор за нуклеарни закани бидејќи Путин би можел секој напад на тие територии да го прогласи за напад врз Русија.