САД потпишаа воен сојуз со Индија, Помпео предупреди на заканата од Кина

САД и Индија потпишаа договор за размена на чувствителни сателитски и географски податоци, а американскиот државен секретар Мајк Помпео предупреди на заканата што ја претставува Кина.

EPA-EFE/HARISH TYAGI

Помпео, кој во понеделникот пристигна во Њу Делхи со министерот за одбрана Марк Еспер, по разговорите со индиските колеги изјави дека двете земји мора да соработуваат во спротивставувањето на заканата по безбедноста и слободата што ја носи Кина.

Годишниот стратешки дијалог меѓу САД и Индија се одвива во време на зголемени тензии во регионот, при што индиските сили се соочуваат со кинеските на нивната спорна хималајска граница.

„Голема работа е дека нашите демократии се усогласуваат за подобро да ги заштитат граѓаните на нашите две земји, а всушност и слободниот свет“, изјави Помпео пред новинарите по разговорите со индискиот министер за надворешни работи Субрахманијам Јаишанкар и министерот за одбрана Рајнат Синг.

„Нашите лидери и нашите граѓани сè појасно гледаат дека кинеската Комунистичка партија не е пријател на демократијата, владеењето на правото, транспарентноста ниту слободата на пловидбата, што е основа на слободен и отворен, просперитетен Индо-Пацифик“, рече Помпео.

Новиот одбранбен сојуз - Основен договор за размена и геопросторна соработка - е „важна пресвртница“ што ќе ја зајакне соработката меѓу војските на двете земји, рече Еспер на прес-конференција.

САД планираат да ѝ продадат на Индија повеќе борбени авиони и беспилотни летала, додаде Еспер. Алијансата ќе ѝ обезбеди на Индија пристап до низа топографски, наутички и воздухопловни податоци кои се сметаат за витални за насочување ракети и вооружени беспилотни летала.

Исто така, ќе им овозможи на САД да ѝ обезбедат на Индија напредни навигациски помагала и опрема во авионите испорачани од САД, рече извор од индиската одбрана.

Остриот став кон Кина за американскиот претседател Доналд Трамп е клучен дел од кампањата за да обезбеди втор мандат на претседателските избори следната недела, а Помпео се обидува да ги зајакне сојузниците за да се спротивстават на сè поголемото влијание на Кина во регионот.

Кина ги отфрли обвинувањата на Помпео, повикувајќи го „да го отфрли својот менталитет од Студената војна“ и да престане постојано да зборува за „кинеската закана“.

Индија има свои проблеми со Кина. Во јуни, 20 индиски војници беа убиени во судир со кинеските сили на нивната граница, што ги зајакна антикинеските расположенија во земјата и ја натера владата на премиерот Нарендра Моди да побара поблиски воени врски со Соединетите Држави.

Овој месец, Индија ја повика Австралија да се приклучи на поморските вежби што ги одржува секоја година со САД и Јапонија, отфрлајќи ја кинеската загриженост дека вежбите го дестабилизираат регионот.

Помпео и Еспер  во вторникот се состанаа и со Моди за да разговараат за регионалната стабилност, изјави портпаролот на американската влада.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/HARISH TYAGI

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе