Додека чека во затвор во Британија

САД поднесоа уште 17 обвинениja против Асанж според Законот за шпионажа

Американската Федерална голема порота поднесе обвинение со уште 17 точки според Законот за шпионажа против издавачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој во моментов е во затвор во Велика Британија и го чека сослушување за екстрадиција.

Новото обвинение, објавено денеска, се однесува на американските документи што Викиликс ги објави во 2010 година и тврди дека Асанж ги открил имињата на поединци што работеле со американската влада, со што ги загрозил нивните животи.

Според АП, новото обвинение вели дека Асанж заговарал со Челзи Менинг за да ги добие и да ги обелодени доверливите документи од националната одбрана, вклучувајќи телеграми на Стејт департментот и извештаи за војните во Ирак и Авганистан.

„Многу од овие документи беа со ознака на тајност, што значи дека нивното неовластено објавување може да предизвика сериозна штета на националната безбедност на САД“, се вели во соопштението на американското министерство за правда.

Базите на податоци на Викиликс содржеа околу 90.000 значајни извештаи за активности поврзани со војната во Авганистан, 400.000 извештаи за активности поврзани со војната во Ирак, 800 извештаи од процена на затворениците во затворот Гвантанамо и 250.000 телеграми на американскиот Стејт департмент.

Со поднесувањето на обвиненијата против Асанж според Законот за шпионажа, министерството за правда ги заострува мерките на американската влада против објавувањето доверливи информации.

Ова би можело да има големо влијание врз правата на новинарите, вели Гардијан, бидејќи е тешко да се направи значителна разлика меѓу работата што ја вршеше Асанж и работата што ја вршат традиционалните весници.

Ниту еден новинар досега не е обвинет според Законот за шпионажа. Администрацијата на Барак Обама не донесе обвиненија за шпионажа против Асанж поради загриженоста дека ќе ја задуши слободата на медиумите.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе