САД осамени во Советот за безбедност на ОН - „навреда која нема да се заборави“ (ВИДЕО)

САД ставија вето во Советот за безбедност на резолуцијата со која се повикува на повлекување на одлуката на претседателот Доналд Трамп да го признае Ерусалим како престолнина на Израел.

Сите останати 14 членки на Советот за безбедност гласа за нацртот на резолуцијата.

Со овој потег САД дополнително се изолираа кога станува збор за спорната одлука на Трамп донесена претходно месецов, пишува Ројтерс.

Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли кажа дека ставила вето на резолуцијата во ОН „во знак на однрана на американскиот суверенитет и улогата на Америка во мировниот процес на Блискиот Исток“, пренесува Асошиејтед прес.

„Ниедна земја нема да им кажува на Соединетите Американски Држави каде треба да ја постават својата амбасада“, кажа Хејли пред Советот за безбедност откако го стави првото вето на САД по повеќе од шест години.

Хејли истакна дека Трамп „многу води сметка на ниеден начин да не прејудицира исход на преговорите за конечниот статус“.

Американската амбасадорка обвини некои земји, кои не ги именуваше, за „обид за искривување на одлуката на претседателот Доналд Трамп во корист на нивните сопствени агенди“, истакнувајќи дека ставот на САД „е целосно во согласност со претходните резолуции на Советот за безбедност“.

Хејли истакна дека САД на Палестинците им дале над пет милијарди долари од 1994 година, што, како што истакна, е повеќе отколку што издвоила која било друга земја.

„САД никогаш не биле повеќе посветени на мирот на Блискиот Исток“, истакна Хејли нарекувајќи го гласањето „навреда која нема да се заборави“.

„Ова е уште еден пример дека Обединетите нации нанесуваат повеќе штета отколку што носат корист во решавањето на израелско-палестинскиот конфликт“, истакна американската амбасадорка.

Во текстот на резолуцијата за која синоќа гласаше Советот за безбедност на ОН, а кој го подготви Египет, се изразува „длабока жал поради неодамнешните одлуки во врска со статусот на Ерусалим“, иако во текстот не се спомнуваат ни САД ни Доналд Трамп.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе