САД од 8 ноември дозволуваат влез на вакцинирани од странство

Белата куќа во понеделникот објави дека на целосно вакцинираните странски државјани ќе им биде дозволен влез во САД од 8 ноември.

Фото: Пиксабеј

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) минатата недела соопшти дека САД ќе ги признаат вакцините одобрени од американските регулатори или Светската здравствена организација.

Странските државјани ќе треба да покажат доказ за вакцинација и негативен тест за ковид-19 пред летот, пишува Ројтерс. Оние што влегуваат во САД по копнен пат, нема да мора да покажат негативен тест.

Ограничувањата за влез во САД се во сила од март 2020 година, поради пандемијата на ковид-19.

Во јануари истата година прво беа воведени рестрикции за пристигнување од Кина по воздушен пат, а потоа беа проширени и на други земји.

Соединетите Држави заостануваат зад голем број други земји што ги укинаа таквите ограничувања, а американските сојузници ја поздравија новата одлука.

Американските рестрикции забрануваа пристигнувања од поголемиот дел од светот, не дозволувајќи десетици илјади странски државјани со семејства или со деловни односи во САД да влезат на американска територија.

Белата куќа во вторникот објави дека ќе ги укине ограничувањата на копнените граници со Канада и Мексико за целосно вакцинираните на почетокот на ноември.

На невакцинираните лица сè уште им е забранет влез во САД од тие две земји по копно. Канада, од друга страна, уште од 9 август дозволи влез за американски вакцинирани граѓани.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе