САД обвинија припадници на руската разузнавачка служба ГРУ за хакерски напади

Министерството за правда на Соединетите Американски Држави обвини шест актуелни и поранешни руски воени разузнавачи дека во хакерски напади се обиделе да внесат хаос во процесот на француските избори, во Зимските олимписки игри и во американски болници и компании.

EPA-EFE

Во вчера објавеното обвинение се наведуваат детали на хакерските напади на бројни и различни политички, финансиски и спортски мети.

Се наведува дека поранешни или сегашни припадници на руската воена разузнавачка служба ГРУ се обвинети, меѓу другото, за напади врз украинската електроенергетска мрежа, на партијата „Република во движење“ на францускиот претседател Емануел Макрон пред изборите во 2017 година, и за попречување на истрагата за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка во Британија.

Тие не се обвинети за напади врз интегритетот на изборите во САД, иако се дел од истата единица на службата ГРУ, за која американските обвинители тврдат дека се обидувала да влијае врз претседателските избори во 2016 година во таа земја, со хакерски напади врз мејлови на функционери на Демократската партија.

Во фокусот на обвинението на 50 страници се наоѓаат нападите чија цел, според обвинителите, била промоција на руските геополитички интереси.

Меѓу нив се хакерските напади врз Зимските олимписки игри во 2018 година во јужнокорејски Пјонгчанг, каде на руските спортисти им беше забрането учеството поради допинг афера.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе