САД обвинија дека руски платеници поставувале мини во Либија

Американската војска ги обвини руските платеници, кои се борат на страната на силите во источна Либија, дека подметнале нагазни мини и импровизирани експлозивни направи во и околу Триполи, јавува Асошиејтед прес.

Фото: ЕПА

Командата на американските сили во Африка (АФРИКОМ) објави дека проверените фотографии покажуваат дека нагазни мини се поставени на периферијата на Триполи и понатаму на исток, сè до стратегиски важниот крајбрежен град Сирт, уште од средината на јуни. Африка тврди дека зад оваа акција стои групата Вагнер, приватна безбедносна компанија поддржана од Кремљ, вклучена во либискиот конфликт.

Руските власти и претставниците на групата Вагнер сè уште не ги коментираа обвинувањата на американската армија.

Војната во Либија почна во 2011 година, кога со бунт во земјата поддржан од НАТО беше соборен Муамер Гадафи, кој подоцна беше убиен. Земјата денес е поделена меѓу владата на исток, која е во сојуз со воениот командант Калифа Хафтар, и онаа на запад, во Триполи, која е поддржана од Обединетите нации. Истокот има поддршка од Обединетите Арапски Емирати, Египет и Русија, а западот има поддршка од Турција, Катар и Италија.

Во последните три месеци силите на Хафтар ги загубија скоро сите територии што ги окупираа за време на офанзивата на Триполи, додека Турција ја зајакна воената поддршка за неговите ривали и донесе сириски платеници, вклучително и милитанти, да се борат во Либија.

Минатиот месец САД ја обвинија Москва дека испратила 14 авиони МиГ-29 во Либија за поддршка на руските платеници што се борат заедно со војската на Хафтар, а Русија ги отфрли овие обвиненија како дезинформација.

Обединетите нации тврдат дека групата Вагнер обезбедила меѓу 800 и 1.200 платеници за поддршка на Хафтаровата офанзива на Триполи, кои го прават тоа за месечен надомест од 1.500 американски долари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе