Бајден вчера кажа дека Русија не би требало да биде прогласена за држава која спонзорира тероризам, за што се залагаше Украина.
Русија од друга страна предупредуваше дека таквиот потег на Вашингтон би водел кон прекин на руско-американските врски. Прогласувањето на Русија за држава која спонзорира тероризам би можело да го одложи извозот на храната и да ги загрози договорите за испораките на жито во светот преку црноморските пристаништа, кажа Жан-Пјер.