САД: Не видовме нови воени дејствија од Кина

Соединетите Американски Држави не виделе никакви докази дека Кина подготвува воени дејствија против Тајван, изјави денеска Џон Кирби портпаролот на Белата куќа за национална безбедност.

Фото: ЕПА

„Не видовме физички, опипливи докази дека се подготвува нешто лошо во однос на Тајван“, изјави Кирби за Ројтерс.

Кинескиот претседател Си Џинпинг претходно преку телефонски разговор го предупреди американскиот претседател Џозеф Бајден „да не си игра со оган околу Тајван“ и посочи дека Пекинг е загрижен за можна посета на островот од страна на Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на САД.

Си изјави дека Вашингтон треба да го почитува принципот на една Кина и посочи дека Кина цврсто се противи на независноста на Тајван и странското мешање, пренесува Ројтерс.

Бајден рече дека американската политика кон Тајван не е променета и дека Вашингтон силно се спротивставува на едностраните напори за промена на статус кво ситуацијата или за поткопување на мирот и стабилноста преку Тајванскиот теснец, соопшти Белата куќа. Ен-би-си њуз објави дека Пелоси заедно со другите членови на делегацијата на американскиот Конгрес денеска ќе ја започне посетата на Азија, но не е јасно дали ќе го посетат и Тајван. Белата куќа одби да ги коментира информациите дека Пелоси ќе отпатува во Тајван.

Кирби истакна дека американските власти ја забележале воинствената реторика на Кина за потенцијалното патување на Пелоси и оцени дека „нема потреба од тоа“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе