САД најавуваат санкции за испорака на муниција на Русија

САД предупредија на можноста за воведување санкции на земјите, компаниите и поединците кои ја снабдуваат Русија со муниција или ја поддржуваат нејзината воена индустрија - во обид Вашингтон да го зголеми притисокот врз Москва поради војната во Украина.

Фото: ЕПА

Воли Адејемо, заменик-секретарот за финансии на САД, за време на состанокот на земјите кои ги разгледуваат санкциите против Русија, посочи дека Вашингтон е подготвен да преземе мерки против страни кои ги избегнуваат американските санкции, пренесе Ројтерс.

Учесниците на состанокот, на кој учествувале и претставници на земји од Европската унија и Канада и Јужна Кореја - вкупно 33 од нив, разгледувале дополнителни чекори што може да се применат на руската воена индустрија, како и ефектите од досега воведените ограничувања поради руската инвазија на Украина.

„Вашингтон е подготвен да воведе санкции за оние кои доставуваат муниција или друга воена стока за Русија, како и за приватни воени компании или паравоени групи кои учествуваат или ја поддржуваат руската војна во Украина“, соопшти американското Министерство за финансии.

Секретаријатите за финансии и трговија, како и Стејт департментот, наводно укажале на досега преземените мерки против руската воена индустрија - наведувајќи ги ризиците со кои се соочуваат оние што обезбедуваат материјална поддршка за руската инвазија на Украина.

„Со ограничувањето на пристапот на Русија до напредна технологија, стоки и услуги, Вашингтон и партнерите ја намалија нејзината способност да го замени оружјето - вклучително и 6.000 парчиња воена опрема што беа уништени во војната досега“, беше прецизирано за време на состанокот, пренесува Ројтерс.

Исто така, САД предупредија на значителната потрошувачка на муниција од страна на Русија, поради што се свртува кон земји како Иран и Северна Кореја за набавки и опрема, вклучувајќи беспилотни летала, ракети и артилериска муниција, објави Ројтерс, врз основа на увидот во извештајот за тоа.

Извозните ограничувања наметнати од САД и 37 други земји доведоа руската одбранбена индустрија да се потпира на увезена микроелектроника и други ресурси на воената индустрија. Евидентиран е и недостиг на делови, што го поткопува производството на тенкови, авиони, подморници и други воени системи.

Според извештајот што го видел Ројтерс, САД на состанокот предупредиле дека руските разузнавачки служби незаконски се обидуваат да се стекнат со западна технологија и делови чиј извоз во Русија е забранет.

„Мрежата што се користи за набавка на технологија вклучува олигарси, посредници и лажни компании, а ги таргетира Европа и Северна Америка како приоритет“, се вели во извештајот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе