САД најавуваат разговор меѓу Лавров и Блинкен, Москва вели дека не добила барање

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера изјави дека планира да разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров „во следните денови“ за да покрене неколку прашања, вклучително и притворањето на кошаркарката Бритни Грајнер и други Американци во Русија, како и неодамнешниот договор за продолжување на украинскиот извоз на жито.

Фото: ЕПА

Ако дојде до разговорот, тоа ќе биде прв контакт меѓу Блинкен и Лавров откако почна руската инвазија на Украина на крајот на февруари.

Наведено е и дека разговорот не треба да биде за преговори за Украина, туку за Американците приведени во Русија и за обновување на украинскиот извоз на жито.

Но Москва официјално демантираше дека добила барање од Вашингтон за телефонски разговор меѓу двајцата министри за надворешни работи, Американецот Антони Блинкен и Русинот Сергеј Лавров.

„Покрај медиумските написи за потенцијалниот разговор, ништо не знаеме и не сме добиле никакво официјално барање“, соопштија од Москва.

„Ние во Русија се водиме од вообичаената дипломатска практика“, додаваат од Москва, додека американските медиуми нагласуваат дека САД се подготвени да го разменат Виктор Бут, руски трговец со оружје затворен во САД, кој е осуден на 25 години затвор, за кошаркарката Бритни Грајнер и маринецот Пол Вилан, кои, пак, се во затвор во Русија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе