САД на Турција ѝ нудат Ф-16 во замена за вложеното во авионите Ф-35

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес кажа дека САД на Турција ѝ предложиле продажба на борбени авиони Ф-16 во замена за претходната инвестиција во програмата Ф-35, од која Анкара беше тргната откако купи одбранбен ракетен систем С-400 од Русија.

EPA-EFE

Ројтерс претходно месецов напиша дека Турција од САД побарала купување 40 авиони Ф-16 произведени од Локид Мартин и речиси 80 модернизациски комплети за постоечките авиони.

Ердоган денес кажа дека Турција бара надомест за вложените 1,4 милијарди долари во програмата Ф-35 и дека за тоа во моментов се преговара.

„Порачавме дека ќе го направиме секој чекор потребен за задоволување на одбранбените потреби на нашата земја“, порача турскиот претседател.

Анкара нарача повеќе од 100 авиони Ф-25, кои ги произведува Локид Мартин, но САД ја откажаа таа продажба во 2019, откако Турција го набави рускиот одбранбен систем С-400.

Односите меѓу двете најголеми армии од НАТО пактот во изминатите пет години се влошија поради несогласувањата околу Сирија, приближувањето на Анкара кон Москва, турските амбиции во источниот Медитеран, американските потези против турските банки и состојбата на човековите права и медиумските слободи во Турција, пишува Ројтерс.

Одлуката за купувањето на рускиот С-400 исто така резултираше со американски санкции.

Ердоган најави дека Анкара и понатаму планира да купи друга серија С-400, што може дополнително да го продлабочи спорот со Вашингтон.

Барањето за купување американски авиони поради тоа тешко ќе добие одобрување од американскиот Конгрес. Демократите и републиканците во тоа тело се сложни во обидот да ја натераат владата на Џо Бајден да го засили притисокот врз Анкара, пред сè поради купувањето руско вооружување и состојбата на човековите права.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе