САД на хакери им заплениле 2,3 милиони долари во криптовалути

Американското министерство за правосудство им запленило на хакери 2,3 милиони долари во криптовалути, поголемиот дел од износот на откупнината која компанијата Колонијал пајплајн, сопственикот на најголемиот нафтовод во САД, ја платила по кибернетичкиот напад во мај.

EPA-EFE

Истражителите нашле и заплениле 63,7 биткоини кои сега вредат 2,3 милиони долари, со што е вратен голем дел од откупнината, кажа заменичката на државниот обвинител Лиза Монако.

Станува збор за откупнината која компанијата Колонијал пајплајн во мај им ја плати на хакерите кои упаднаа во нивниот систем и го исклучија нафтоводот, што доведе до масовен недостиг од бензин на источниот брег на САД.

ФБИ во истрагата дошле до приватниот клуч со кој пристапиле до биткоин сметката каде отишол поголем дел од парите, но не е јасно како ФБИ дошле до клучот. Суд во Сан Франциско одобри запленување на средствата.

Хакерскиот напад според ФБИ го извела кибернетичката криминална група Дарк сајд базирана во Русија. Колонијал пајплајн им платил на хакерите околу 5 милиони долари во криптовалути за да го врати пристапот до својата мрежа по нападот, а во меѓувреме вредноста на биткоинот падна.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе