САД на границата со Мексико фатиле милион емигранти за една година

Речиси милион нелегални емигранти биле уапсени на границата на Соединетите Американски Држави и Мексико од октомври 2018, што е најмногу во последните 12 години, соопшти шефот на американската погранична полиција.

Во операции „на југозападната граница се уапсени речиси милион луѓе во фискалната година 2019“ која заврши на крајот на септември, кажа Марк Морган на прес-конференција во Вашингтон.

САД во 2019 се соочија со експлозија на нелегални влегувања од Мексико, главно емигранти од Централна Америка кои бегаат од сиромаштијата. Тој прилив предизвика криза на границата со преполнети прифатилишта и лоши санитарни услови.

За да го сопре приливот, американската влада изврши притисок врз Мексико за да распореди војници на јужната граница и да ги спречи емигрантите – главно од Салвадор, Хондурас и Гватемала – да минат низ земјата.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп која сузбивањето на нелегалната емиграција го постави како приоритет истовремено продолжува со изградба на ѕидот на 3.200 километри долгата мексиканска граница.

Речиси 115 километри се опремени со нови системи за заштита кои опфаќаат физичка пречка, светла и пристапни патишта, додаде Морган.

Кон крајот на 2020 година, што значи за време на претседателските избори на кои Трамп се бори за втор мандат, граничната полиција очекува таквиот систем да биде поставен на над 700 километри од границата, кажа тој.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе