САД му се заканија на наследникот на Сулејмани: Може да ти се случи истата судбина

Наследникот на иранскиот генерал што беше убиен со напад со дрон на американските сили ќе ја доживее истата судбина ако продолжи да убива Американци, порача специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави за Иран.

Вашингтон го обвини иранскиот генерал Касем Сулејмани дека ги организирал нападите на милициите што се во сојуз со Иран врз силите на САД во регионот. Претседателот на САД Доналд Трамп на 3 јануари нареди напад со дрон врз Сулејмани во Ирак.

По смртта на Сулејмани Техеран веднаш го именуваше Есмаил Гани за командант на Кудс, елитната единица на Револуционерната гарда која спроведува акции во странство. Гани се заколна дека ќе ја следи насоката на Сулејмани.

„Ако Гани го следи истиот пат на убивање Американци, тогаш ќе го снајде истата судбина“, кажа американскиот претставник Брајан Хук.

Тој потсети дека Трамп веќе јасно кажа дека „на секој напад врз Американци или американските интереси решително ќе одговори“.

„Тоа не е нова закана. Претседателот секогаш кажува дека решително ќе одговори за да ги заштити американските интереси“, кажа Хук. „Мислам дека иранскиот режим сега разбира дека не може да ја напаѓа Америка и да мине без последици“.

По именувањето Гани кажа дека ќе го продолжи „светлиот пат“ на Сулејмани и дека целта е да се избркаат силите на САД од регионот.

Американската закана со убиство на Гани е знак на „државен тероризам“, одговори синоќа портпаролот на иранскиот министер за надворешни работи Абас Мусави.

„Тие зборови се официјална најава и јавно разоткривање на американскиот целен и државен тероризам“, кажа Мусави и ја повика меѓународната заедница да ги осуди зборовите на Хук.

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе