САД му се заканија на Иран со воена интервенција поради производство на нуклеарно оружје

Соединетите Американски Држави се заканија со примена на воена сила против Иран доколку дипломатијата не успее да го спречи Техеран да произведе нуклеарно оружје, одговарајќи за прв пат на израелските предупредувања против Иран.

Фото: ЕПА

Вашингтон смета дека „дипломатското решение е најдобриот начин“ да се спречи Исламската Република да стане нуклеарна сила, рече американскиот државен секретар Антони Блинкен на прес-конференција што ја одржа заедно со израелскиот колега Јаир Лапид во главниот град на САД.

Но, тој покажа повеќе нетрпение отколку порано во време кога преговорите за спасување на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма потпишан во 2015 година се во застој од јуни, во очекување Техеран да се врати на преговарачката маса.

„За дијалог се потребни двајца и досега не видовме дека Иран е подготвен да разговара“, изрази жалење државниот секретар, оценувајќи уште еднаш дека „временската рамка“ за враќање на договорот е „сè помала“.

„Подготвени сме да се свртиме кон други опции доколку Иран не го промени правецот“, предупреди тој на прашањето за можна употреба на сила. „Ќе ги земеме во предвид сите можни решенија“.

Израелскиот министер што стоеше до него го потврди ова, а државниот секретар не му се спротивстави. „Кога велам ‘други опции’, мислам дека сите разбираат за што се работи“, рече тој.

Јаир Лапид беше уште појасен во име на еврејската држава, која одамна се спротивставува на договорот од 2015 година, сметајќи го за недоволен.

„Државниот секретар Бликен и јас сме деца на родители кои го преживеаја холокаустот. Знаеме дека има моменти кога земјите мора да употребат сила за да го заштитат светот од зло“, рече тој. „Израел го задржува правото да дејствува во секое време и на секој можен начин“, рече тој.

Министерот за надворешни работи на Израел пристигна во Вашингтон со намера да побара од администрацијата на Бајден „план Б“ во случај на дипломатски неуспех.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе