САД му наметнаа нови санкции на Иран

Соединетите Американски Држави му наметнаа денес нови санкции на Иран и ја ставија на црна листа фондацијата која ја контролира иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, само два месеци пред заминувањето на претседателот Доналд Трамп од Белата куќа.

EPA-EFE

Санкциите кои ги објави американското министерство за финансии, а чија мета е и иранскиот министер за разузнавачки работи, се најновата акција во кампањата на максимален притисок врз Иран која ја спроведува администрацијата на Трамп.

Американското министерство соопшти дека санкциите се насочени против клучна мрежа за Хамнеи. На црната листа е вклучен Бонјад мостафазан, односно Фондацијата на угнетените, која ја контролира Хамнеи. Со санкциите се опфатени уште 10 поединци и 50 организации поврзани со таа фондација во секторите на енергетика, рударство и финансиски услуги.

Санкциите вклучуваат замрзнување на имотот во САД на санкционираните поединци и организации, а на Американците им се забранува работење со нив.

Хуманитарната фондација создаде големо богатство на штета на остатокот на иранската економија и контролира стотици компании и имот запленети уште од Иранската револуција во 1979 година, се наведува во соопштението.

„Иранскиот врховен лидер ја користи фондацијата за да ги награди своите сојузници под фасадата на добродетелството“, соопшти американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.

„САД ќе продолжат да таргетираат клучни функционери и извори кои му овозможуваат на режимот да спроведува репресии над сопствениот народ“.

Трамп, кој во својот мандат зазема екстремно остар став кон Техеран и еднострано го напушти нуклеарниот договор со Иран кој го склучи неговиот претходник Барак Обама, минатата недела се распрашувал за опции за напад врз главниот ирански нуклеарен комплекс, од што сепак се откажал.

Американското министерство за финансии му наметна санкции и на иранскиот министер за разузнавачки работи Махмуд Алави и го обвини неговото министерство за улога во сериозното кршење на правата на Иранците, особено во протестите од минатата година.

Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран се засилија откако Трамп во 2018 ги повлече САД од иранскиот нуклеарен договор од 2015 со кој Иран се согласи да ја ограничи нуклеарната програма во замена за укинување на меѓународните санкции. Трамп ги обнови острите економски санкции против Иран за да го присили на пошироки преговори за сузбивање на нуклеарната програма, развојот на балистичките проектили и поддршката на регионалните бунтовнички сили.

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, кој ја презема функцијата на 20 јануари, претходно кажа дека САД ќе се вратат во нуклеарниот договор ако Иран продолжи да ги исполнува поставените услови.

Некои аналитичари сметаат дека целта на новите санкции е да му се отежни на Бајден повторната соработка со Иран по преземањето на должноста.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе