Премина пола милион инфицирани со коронавирус

САД му испратија на Бразил 2 милиони дози хидроксихлорокин

Бразил во неделата забележа 16.409 нови случаи на заразени со коронавирус, со што вкупниот број се искачи на 514.849, што е втора најлоша епидемија на ковид-19 во светот, по Соединетите Држави, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Во соопштението се вели дека во Бразил во последните 24 часа се регистрирани 480 нови смртни случаи, што е вкупно 29.314 смртни случаи. Така, Бразил по бројот на смртни случаи е четврта земја, по Соединетите Држави, Велика Британија и Италија.

Соединетите Држави му испратија на Бразил 2 милиони дози хидроксихлорокин за лекување на заболените со ковид-19, соопшти Белата куќа во неделата, иако ефикасноста на лекот е сомнителна, а студии укажуваат и на неговата штетност.

„Американскиот и бразилскиот народ се солидарни во борбата против коронавирусот. Денес, како доказ за таа солидарност, јавуваме дека американската влада испрати две милиони дози хидроксихлорокин до бразилскиот народ“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Хидроксихлорокинот „превентивно ќе се користи за заштита на медицинскиот персонал од вирусот и во лекувањето на заразените Бразилци“, се додава.

Антималаричниот лек хидроксихлорокин, упорно застапуван од американскиот претседател Доналд Трамп, развиен е пред повеќе децении, а на почетокот на пандемијата САРС-КоВ-2 се претпоставувало дека поради своите антиинфламаторни и антивирусни својства би можел да помогне во лекувањето на лица заболени од тешката респираторна болест ковид-19.

Владите на Италија, Франција и Белгија одлучиле да престанат со употребата на хидроксихлорокинот, а британската агенција за лекови објави дека престанала да го тестира лекот, во кој требало да учествуваат 40.000 медицински работници.

Американските болници значително ја намалиле употребата на хидроксихлорокинот во третманот на ковид-19 бидејќи неколку студии покажале дека не само што е неефикасен, туку може да биде и опасен за здравјето.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе