САД му дозволија на Ирак да увезува ирански гас во наредните три месеци

САД му дозволија на Ирак да увезува ирански гас за својата енергетска мрежа во наредните три месеци, со што го продолжија ослободувањето од санкции за Багдад, изјавија двајца владини извори.

Еден од изворите кој бараше да остане неименуван, рече дека продолжувањето е договорено за време на телефонски разговор помеѓу премиерот Адел Абдел Махди и американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Ирак е прва држава која САД ја ослободија од санкции за увоз на ирански енергент, откако Вашингтон во ноември повторно воведе санкции на иранската нафтена индустрија, повикувајќи се на загриженоста во врска со иранската нуклеарна програма и, како што рече, иранското мешање на Блискиот Исток.

Вашингтон оттогаш неколкупати ги продолжи исклучоците од санкциите, но побара од Ирак да развие сопствена енергетска инфраструктура за да ја намали својата зависност од Иран.

Ирак е силно поврзан со иранскиот гас, со кој снабдува неколку пунктови.

Вашингтон сака да го намали иранското влијание на Блискиот Исток, вклучувајќи го и во Ирак, каде што Иран има големо влијание врз политиката и трговијата.

Ирак поседува една од најголемите резерви на природен гас, додека Багдад полека ја развива својата инфраструктура и на големо се потпира на Иран.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе