ЕН-БИ-СИ ЊУЗ

САД нема да можат да се одбранат од севернокорејските ракети, велат експерти

Американските генерали со години инсистираат дека ако Северна Кореја испука ракета кон САД, американската војска би можела да ја собори, но некои независни научници и владини истражувачи го тврдат спротивното, пишува Ен-би-си њуз.

Група експерти велат дека генералите ги занемариле огромните прашања за ефикасноста на одбранбениот противракетен систем вреден 40 милијарди долари, за кој веруваат дека би можел да запре балистичка ракета со нуклеарно оружје испукана од Северна Кореја или од Иран.

„Ги залажуваат политичките лидери дека имаат борбени способности што всушност ги немаат“, изјави еден од експертите, физичарот Дејвид Рајт од американската невладина организација Унија на загрижени научници (УЦС).

Портпаролот на Агенцијата за противракетна одбрана на Пентагон Крис Џонсон, пак, вели дека Пентагон e „сигурен во нивната способност за одбрана на татковината од балистички ракети“. Иако противракетниот систем, наречен „Копнен одбранбен систем за пресретнување ракети на пола пат“, или ГМД, во почетокот имаше мани, „значително го подобривме во последниве неколку години за да се осигуриме дека системот е спремен за дејствување“, додава Џонсон.

Владината истражна агенција Уред за ревизија откри минатата година дека „тестовите не докажаа дека ГМД може да ја одбрани татковината“.

Од деветте симулирани напади од 2004 година, пресретнувачите не успеаја да ги погодат целите во шест, иако тестовите не биле толку тешки колку што би бил вистинскиот напад, откри Лос Анџелес тајмс.

Во јули УЦС објави известување од 47 страници, во кое пристапот на САД кон противракетната одбрана го нарече „катастрофален“, а за ГМД напишаа: „Има лоши резултати на тестовите и нема докази дека може да запре ракета што доаѓа во вистински услови“.

Висок конгресен службеник вчера за Ен-би-си њуз рекол: „Ништо од тој систем не функционира. Ништо. Програмите за пресретнување не работат. Понекогаш ги погодуваат целите, но тоа не е сигурно и не можеме да ризикуваме да дојде до катастрофа ако промашиме“.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе