САД: Мотор на авион се расипал среде лет, патник го снимил инцидентот (ВИДЕО)

За време на принудно слетување на авион на компанијата Делта ерлајнс во Северна Каролина, патниците биле толку преплашени што се молеле и пишувале проштални пораки на своите семејства, јавува Си-ен-ен.

„Откако слушнавме експлозија, во патничката кабина се појави чад и тогаш сите збеснавме“, кажа патничката Ејвери Порч. „Авионот ја намали брзината и стана навистина жешко“.

Авионот со речиси 150 патници се упатил во понеделникот од Атланта кон Балтимор, а потоа настанал проблем со еден од моторите на авионот.

На снимката, која ја направил еден од патниците, се гледа како во текот на летот се одвоил еден метален дел и удирал по моторот.

Патниците кажале дека летале повеќе од еден час пред капетанот да им каже дека ја почнува процедурата на принудно слетување.

„Го земав својот мобилен телефон. Знаев дека немам сигнал, но сепак ѝ испратив порака на својата мајка дека ја сакам“, кажа Тајлер Крегер, еден од патниците.

Авионот МД-88 безбедно слетал во 14:20 на аеродромот Рали-Дурам. По слетувањето, патниците биле пренасочени на алтернативен лет за Балтимор.

Компанијата Делта ерлајнс соопшти дека неисправниот мотор е заменет и дека денес авионот продолжува со превоз на патници.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе