САД ќе одбиваат визи на сиромашни луѓе: „Нека се грижат сами за себе“

Адиминистрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп денес објави нова мерка со која ќе бидат погодени стотици илјади апликанти за виза и постојан престој поради тоа што се сиромашни.

Долгоочекуваната мерка, спроведена од водечкиот противмиграциски советник на Трамп, Стивен Милер стапува на сила на 15 октомври.

Со мерката ќе се одбиваат барањата за постојана или привремена виза поради неисполнување на стандардите за приход или поради примање на социјална помош, бонови за храна, домување во државни институции или поради примање на здравствени услуги од Медикеид.

Ваквата промена треба да осигури имигрантите „да се грижат за себе“ и „да не зависат од јавните ресурси за да ги задоволат своите потреби, туку да се потпираат на сопствените можности, како и на ресурсите на членови на семејството, спонзори и приватни организации во нивните заедници за да успеат“, се наведува во известувањето објавено во Федералниот регистар.

„Поентата е да се движиме кон старата американска вредност, самодоволност“, рече Кен Кучинели, в.д. директор на американската служба за државјанство и имиграција во интервју за Фокс њуз.

„Ова ќе има долгорочна придобивка бидејќи ќе ги заштити даночните обврзници, така што ќе обезбеди имигрантите да не станат јавен товар, туку да можат да стојат на свои нозе, како што тоа го правеа имигрантите во изминатите години“, додаде Кучинели.

Експертите веруваат дека оваа промена во правилата за компензација би можела да биде најдрастична од сите имиграциски политики на Трамп.

Според студија на Институтот за миграција, со новото правило повеќе од половина апликанти за зелена карта би биле одбиени. Во 2016 година биле одобрени околу 800.000 вакви доселенички карти.

Новата мерка е дел од напорите на претседателот Доналд Трамп за спречување на легалната и нелегалната имиграција, што го постави како камен темелник на своето претседателство.

Новата мерка произлегува од Законот за имиграција од 1882 година, кој на американската влада ѝ овозможува да одбие виза на сите оние кои би можеле да станат „јавен терет“.

Имиграциските службеници во последниве години ги дефинираат подносителите за виза како „јавна грижа“, доколку е голема веројатност да станат зависни од државна помош.

Подносителите на барањата сега ќе треба да располагаат со поголем приход за да добијат виза, а правилото во голема мерка го проширува списокот на државна помош која би можела да им го ускрати престојот во Соединетите Американски Држави.

Критичарите на Трамповиот план предупредуваат дека мерката ќе го наруши јавното здравје затоа што тоа ќе ги одврати имигрантите да користат здравствена или прехранбена помош за која имаат право.

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе