За зајакнување на меѓусебните односи

САД ќе испратат илјада војници во Полска

Претседателот на САД, Доналд Трамп и претседателот на Полска Анджеј Дуда во средата во Белата куќа потпишаа нов договор за одбрана, според кој дополнителни 1.000 американски војници ќе бидат распоредени во Полска, по одлуката за преместување, јави Си-ен-ен.

Трамп рече дека Полска ќе биде таа која ќе ги сноси дополнителните трошоци за распоредување на американските војници и дека со тоа нема да се промени вкупниот број американски војници распоредени низ цела Европа. Наместо тоа, Трамп додаде дека ќе ги пресели дополнителните трупи од Германија, бидејќи таа доволно не ги зголемила своите трошоци за одбрана.

Полска ќе обезбеди база и инфраструктура за сместување на дополнителните 1.000 американски војници. Овие објекти ќе бидат изградени од страна на полската влада самостојно без финансирање од САД.

Полскиот претседател ја истакна важноста од американското распоредување и рече дека меѓу овие сили ќе има специјални единици и други видови на американски воени единици. Дуда исто така додаде дека „постојат многу нивоа на кои САД постепено ќе бидат се поприсутни на нашата територија од воена гледна точка“.

Претходно во средата во Овалната соба Трамп објасни дека одлуката за испраќање на војници во Полска е насочена кон зајакнување на односите меѓу САД и Полска и дека тоа ќе биде вистински благодет за Полска, која така дополнително ќе се одвои од влијанието на Русија. Властите веруваат дека таквиот чекор не го нарушува договорот меѓу НАТО и Русија.

Моментално во Полска се наоѓаат околу 4.000 американски војници врз основа на одлуката за преместување. Полска работи на зајакнување на воените врски со САД и дури размислува да именува база за американските трупи според името на претседателот „Форт Трамп“, што секако му годи на егото на американскиот претседател. Трамп беше исклучително добро примен во Полска во летото 2017 година, каде што одржа говор пред пријателски настроената полска публика, што ја покажа заедничката (американската и полската) десна политичка ориентација.

Ваков срдечен однос со американскиот претседател не е во согласност со затегнатите односи со лидерите на Европската унија кои ја изразуваат својата загриженост за авторитаризмот, односно придвижувањето на Полска во антидемократска насока, вклучувајќи го и навлегувањето на владејачката партија во судството и слободата на медиумите во земјата.

И покрај сè, двата лидери изјавуваат дека не се загрижени поради таквите проценки, а Дуда рече и дека „не постојат проблеми со демократијата во Полска“.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе