ТХААД на Локхид Мартин

САД ќе ѝ продадат на Саудиска Арабија ракетни одбранбени системи вредни 15 милијарди долари

Саудиска Арабија е блиску до договор за купување антибалистички одбранбени системи од САД, вреден 15 милијарди долари, изјави портпаролката на Стејт департментот за Си-ен-би-си.

Според договорот, писмо на понуда и прифаќање, потпишан меѓу саудиските и американските официјални претставници, направен е значаен чекор напред во договорот од 15 милијарди евра.

Саудиските официјални претставници, заедно со нивните колеги од САД, го потпишале клучниот договор помеѓу владите претходно неделава, отворајќи го патот за огромната продажба на 44 лансери, проектили и опрема ТХААД.

ТХААД се смета за едно од најдобрите оружја на американскиот одбранбен систем, а го произведува Локхид Мартин, главниот снабдувач на Пентагон.

Набавката на ракетните системи доаѓа во време кога расте притисокот врз Саудиска Арабија поради убиството на новинарот Џамал Кашоги, но и поради улогата на таа земја во војната во Јемен.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна ја истакна важноста на одбранбените договори за да ја оправда поддршката за Саудиска Арабија.

САД и Саудиска Арабија ги почнаа преговорите за системите ТХААД во декември 2016 година.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе