Американско-рускиот договор за контрола на нуклеарното оружје

САД ќе ѝ предложат на Русија продолжување на договорот Нов СТАРТ

Администрацијата на новиот претседател на САД Џо Бајден ќе ѝ предложи на Русија петгодишно продолжување на важењето на нивниот единствен преостанат договор за контрола на нуклеарното вооружување, соопштија американски функционери.

EPA-EFE

Пактот за намалување на стратегиското вооружување, познат како Нов СТАРТ, истекува на 5 февруари, а советникот на Бајден за национална безбедност Џејк Саливен треба да му го достави предлогот за петгодишно продолжување на рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов, наведува Асошиејтед прес, повикувајќи се на неименувани функционери.

Тој потег речиси сигурно ќе го поздрават Русија и најблиските сојузници на Америка.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров навести во понеделникот дека Москва е спремна брзо да дејствува за Новиот СТАРТ да биде зачуван, а Бајден, кој вчера стапи на должност, исто така изрази желба за зачувување на договорот.

Според договорот Нов СТАРТ, кој во 2010 го потпишаа тогашните претседатели на САД и Русија, Барак Обама и Дмитриј Медведев, двете сили смеат да имаат најмногу 1.550 разместени нуклеарни боеви глави и 700 разместени ракети и бомбардери.

Новиот СТАРТ е единствениот преостанат американско-руски договор за контрола на нуклеарното вооружување, откако двете сили, прво САД, а потоа и Русија, се повлекоа од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ), потпишан во 1987 година.

Заговорниците на контролата на вооружувањето предупредуваат дека истекувањето на важноста на договорот би бил удар за глобалната стабилност.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика денес САД и Русија да го продолжат важењето на договорот и во него да ја вклучат Кина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе